Синер втор пат за помалку од еден месец го победи Медведев за освојување на турнир

Италијанскиот тенисер Јаник Синер триумфираше на турнирот во Виена, откако во финалето, по голема борба беше подобар од Данил Медведев. Повеќе од три часа траеше финалето по кое на крајот се радуваше помладиот тенисер.

Во првиот сет двајцата тенисери направија по еден брејк на сервис на противникот, па мораше да се игра тај-брејк во кој Медведев имаше и сет топка која не ја искористи, а Синер го доби првиот сет со 9:7 во тај-брејкот.

Во вториот сет Синер водеше со 2:1 во гејмови, а потоа следуваше низа од четири гејма на Медведев за 5:2 и на крај добиен сет со 6:4. Во решавакиот трет сет, Сипер направи два брејка наспроти еден брејк на Медведев, па италијанскиот тенисер на крајот го доби сетот со 6:3 и се израдува на десетата титула во кариерата.

- Оглас -

Најнови вести