Лидерот на светската ранг-листа, Јаник Синер, оствари победа од 2-0 во сетови (6-4, 6-4) против Американецот Тејлор Фриц за 101 минута во вториот круг од групната фаза на завршниот АТП-турнир во Торино, Италија.
Со овој успех, Италијанецот се искачи на првото место во групата „А”, додека Фриц има еднаков број поени со Русинот Данил Медведев, со кого ќе се бори за второто место.
Во последниот меч од групната фаза, Фриц ќе игра против Австралиецот Алекс де Минор, додека Медведев ќе се сретне со Синер.