Синиша Михајловиќ им урлал на помошниците, го слушале и во соседните простории

Српскиот тренер Синиша Михајловиќ кој неодамна кажа дека има леукемија, се наоѓа на болничко лекување, се очекува за десетина дена да биде пуштен дома, а италијанските медиуми пишуваат дека тој е во добра форма, што го поткрепуваат со изјави на сведоци кои велат дека тренерот на Болоња им се дерел на своите соработници.

После поразот на Болоња од Келн на пријателскиот меч кој заврши 3-1 за Германците, Синиша им одржал една лекција на своите помошници од стручниот штаб, а тоа се слушало и во соседните простории.

„Тренерот е во форма, особено неговото грло. Иако видео повикот со стручниот штаб беше во друга просторија каде немаше фудбалери, и играчите кои беа во соседната, го слушнаа како вика“ – изјави еден од помошниците кој сакаше да остане анонимен.

Михајловиќ најмногу се лутел на грешките во одбраната и за пристапот кон играта. Викањето даде резултат, пораките биле пренесени до фудбалерите, бидејќи на наредните две контроли, Болоња ги победи Шалке и Аугзбург.

- Оглас -

Најнови вести