Синиша Михајловиќ ја подготвува Ѕвезда за дуелот со Наполи

Фудбалерите на Црвена ѕвезда после 26 години повторно се дел од елитното европско друштво, а за играњето во Лигата на шампионите, им дојде помош од човек кој има голема заслуга за титулата европски првак во 1991 година.

Синиша Михајловиќ по завршувањето на играчката кариера, почна да работи како тренер и досега беше на клупата на шест италијански тимови, и одлично ги познава приликите на Апенините, па неговите совети секако се добредојдени. Прв противник на белграѓани во ЛШ им е италијанскиот Наполи, со кого ќе играат во вторник.

Михајловиќ десет дена работел околу тактичката подготовка заедно со шефот на стручниот штаб Владан Милојевиќ. Тој добро ги познава замислите на тренерот на Наполи, Карло Анчелоти, а колку тоа ќе може да се примени на тревнатиот терен на стадионот „Рајко Митиќ“, ќе се види во вторник.

- Оглас -

Најнови вести