Синиша Михајловиќ откри како се заразил со Ковид-19

Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ, кој на 23-ти август доби резултат дека е позитивен на коронавирус, вели дека не сторил ништо погрешно, туку се заразил преку ќерка му.

„Не правев ништо што не требаше, срамота е што толкму многу ме критикуваа и мене и семејството. Ги почитував прописите и мерките додека бев на одмор. За жал, ноќните клубови се отворени, и не можам да им кажам на моите деца да не излегуваат. Мислам дека вирусот го добив од едно од моите деца. Тоа што најмногу ми пречи е што втора година по ред не можам да бидам со тимор на претсезонските тренинзи“ – вели Михајловиќ кој лани се бореше со леукемијата и затоа е во ризичната група.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести