Англискиот премерлигаш Челси, продолжува да троши пари на засилувања и го потврди трансферот со 19-годишниот Мало Густо од Олимпик Лион.
Десниот бек се согласи да потпише со Челси до 2030 година, но сезоната ќе ја доигра во Олимпик Лион.
Според медиумите, за трансферот на Густом, Челси се согласи да плати 35 милиони евра отштета плус дополнителни пет милиони во бонуси.
https://twitter.com/ChelseaFC/status/1619621459915309057?s=20&t=8PrwqmPuOCkWuTdFXMHo6Q
Густо досега одигра 54 натпревари за Олимпик Лион, а сезонава е стандарден во првиот тим и има 15 настапи во Лига 1.
Сините во зимскиот преоден рок потрошија повеќе од 200 милиони евра на трансферите на Давид Фофана, Беноа Бадијашил, Андреј Сантош, Михајло Мудрик, Нони Мадуеке, Мало Густо како и на позајмицата на Жоао Феликс.
Германскиот новинар Кристијан Фалк, кој ретко греши кога станува збор за трансферите на германските фудбалери, тврди дека на клупата на Сините од следната сезона ќе седи актуелниот тренер на Ајнтрахт Франкфурт, Оливер Гласнер.
Сопственикот на Челси, Тод Боли, е импресиониран од Гласнер кој минатата сезона со Ајнтрахт триумфира во Лигата на Европа, а оваа сезона обезбеди пласман во осминафиналето на ЛШ каде ќе очекува двомеч со Наполи. Тој наводно успеал да се договори со челниците на Ајнтрахт, Гласнер од следната сезона да седне на клупата на Сините.