Сините топ не ги бие, трансферите од Арсенал во Челзи и обратно се многу чести

Трансферот на Каи Хаверц од Челзи во Арсенал, е само уште еден во низата директни премини од едниот во другиот лондонски клуб кои се градски ривали, но не се најомразените, па затоа и на навивачите им е полесно да го „сварат“ трансферот.

Многу честа појава е играчи да се преселат од „Стемфорџ бриџ“ на „Емирејтс“ и обратно, па така во последните 15-тина години долга е листата на играчи кои играле и за Сините и за Топчиите.

Хаверц, Вилијан, Фабрегас, Жоржињо, Давид Луиз, Обамејанг, Ешли Кол, Жиру, се дел од фудбалските ѕвезди на кои не им беше проблем да се преселат од едниот во другиот лондонски клуб.

- Оглас -

Најнови вести