Синоќа бранеше во Суперкупот на УЕФА, денеска потпиша за саудиски клуб и ќе биде соиграч со Нејмар

Репрезентативниот голман на Мароко, Јасин Боно, е нов член на Ал-Хилал во Саудиска Арабија. Четирикратниот азиски првак реши да доведе квалитетен голман кој треба да внесе сигурност од одбраната. Во нападот главна ѕвезда е Нејмар кој пред неколку дена беше промовиран во Ал-Хилал.

Боно досега беше голман на Севиља, синоќа дури и бранеше во Суперкупот на УЕФА, но, за негова жал, не успеа да одбрани ниту еден пенал, па Манчестер сити славеше со 5:4 во пенал-рулетот и го освои трофејот. Шпанскиот тим од трансферот на голманот ќе заработи 21 милион евра, а Боно за тригодишна верност во Ал-Хилал ќе заработи вкупно 45 милиони евра.

Ал-Хилал сезонава ги доведе Нејмар, Малком, Рубен Невеш, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, Калиду Кулибали, а сега Боно е најновото засилување, и тоа на голманската позиција.

- Оглас -

Најнови вести