Ексиграч на Челзи и Њукасл вчера даде гол за победа во 97-мата минута, а утрово остана затрупан под рушевините од земјотресот (Видео)

Екипата на Хатај вчера се радуваше на триумф од 1:0 против Касимпаша, а голот за победа го постигна Кристијан Атсу, и тоа во 97-мата минута. За Хатај ова беше важен триумф во борбата за опстанок во лигата и тоа против директен ривал. Хатај сега има 23 бода и е на 14-тото место на табелата, додека Касимпаша остана на 22 бода и е во зоната за испаѓање.

Голот на Атсу донесе многу радост кај домашните навивачи, а никој не можеше ни да претпостави дека само 15-тина часа подоцна ќе се случи трагедија во тој дел од Турција. Разорен земјотрес е причина за рушење на многу згради, а илјадници луѓе останаа затрупани под рушевините.

Меѓу оние кои се исчезнати е и херојот на Хатај, Атсу, кој вчера го даде голот за победа. Тренерот на Хатај, Волкан Демирел, вчера буквално во раце го креваше Атсу, а сега со солзи во очите моли за помош од целиот свет.

Самиот Атсу вчера се „јави“ и на социјалните мрежи со порака дека неговиот тим забележал многу важна победа. Сега сите се молат фудбалерот кој има и 65 настапи за репрезентацијата на Гана да е добро и да го преживеал страотниот земјотрес.

- Оглас -

Најнови вести