Синоќа го погодивме иксот на ПСЖ – Лион, сега очекуваме уште едно реми во финале на Куп

Милан – Калјари (20:45 ч.)

Милан сигурно ќе сака со стил да ја заврши сезоната во која блеска по враќањето на теренот во време на пандемија со Коронавирус. Росонерите 13 меча немаат пораз, а Калјари нема капацитет да слави на „Сан Сиро“.

Гостите се сигурно спасени, а Милан без разлика на резултатот, на крајот ќе заврши на шестото место во Серија А. На последните девет меча на Росонерите, дури осум биле 3+ или ГГ, што значи дека треба да се очекуваат голови.

Предлог тип: 4+ (1.87)

 

Бриж – Антверпен (20:30 ч.)

По речиси пет месеци пауза, повторно има натпреварувачки фудбал во Белгија и тоа меч за трофеј. Се игра финалето на Купот, во кој Бриж ја има фаворитската улога. Белгиското првенство беше прекинато на почетокот на март поради пандемијата со Коронавирусот, а Бриж како убедлив лидер ја доби титулата.

Сега Бриж ќе бара двојна круна, но Антверпен сезонава има една победа над овои ривал, што значи дека се очекува неизвесен дуел на неутрален терен без присуство на публика. Антверпен загуби четири од петте пријателски меча кои беа како подготовка за ова финале. Реално, потрофејниот тим треба да стигне до пехарот.

Предлог тип: 1 (1.55)

 

Бенфика – Порто (21:45 ч.)

Порто веќе се радуваше на титула и тоа таа во пренството, каде најблиску зад себе ја остави токму Бенфика. Гигантот од Лисабон направи неколку киксови во првенството и едноставно го подари шампионскиот пехар на Порто.

Сега ситуацијата е поразлична. Еден меч во кој може да реши моменталната инспирација. Во последните шест меѓусебни меча Порто има четири победи, а Бенфика се радувала два пати.

Финалињата во Купот често знаат да бидат израмнети и неизвесни што покажа и синоќешниот дуел на ПСЖ и Лион, кога Светците беа големи фаворити, па мораа дури по изведување на пенали да се радуваат, откако во регуларниот дел беше 0:0, а нашиот совет беше да одиграте „икс“. И во Португалија може да очекуваме победникот да не се знае по регуларните 90 минути.

Предлог тип: Х (3.15)

 

Риека – Локомотива Загреб (20:30 ч.)

Локомотива е тимот кој направи историски успех сезонава и за прв пат во клупската историја се избори за место во Лигата на шампиони. Во најважниот меч од првенството, Локомотива на гости го победи Осиек, кој дотогаш немаше ниеден пораз на свој терен. Тоа е доволен знак дека Локомотива знае да одигра најдобро кога е најпотребно.

Риека за еден бод беше послаба од Локомотива во првенството и сега утехата зошто не е во ЛШ, ќе ја бара со победа во финалето на Купот. Во трите меча кои ги одиграа сезонава, Локомотива нема пораз од Риека, а интересно е дека сите три средби биле со погодоци на двете страни.

Предлог тип: 1Х&ГГ (1.97)

 

Бран – Валеренга (20:30 ч.)

Бран е во лоша серија од четири меча без победа, но Валеренга е противник кој не влева многу страв. На пет од последните шест меѓусебни меча немало повеќе од два гола, што значи дека се очекува тврд меч со малку шанси за гол. Домаќините едноставно не смеат да си дозволат пораз на свој тере.

Предлог тип: 1Х&0-3 (1.88)

 

- Оглас -

Најнови вести