Синоќа ја елиминираа Барселона, следен ривал им е Реал Мадрид

Атлетик Билбао синоќа одигра фантастичен меч и по 120 минути игра ја победи Барселона со 3:2 за пласман во четвртфиналето на Купот на Шпанија. Баскиците во следното коло ќе имаат уште еден голем предизвик, затоа што за противник го добија Реал Мадрид.

На 2 февруари, Реал ќе гостува во Билбао, на еден од најжешките гостувања, а посебно е така кога се работи за меч кој носи елиминација. Атлетик ќе има и дополнителен мотив да го елиминира Кралскиот клуб, затоа што пред само неколку дена, овие два тима играа во финалето на Суперкупот на Шпанија, а тогаш Реал без многу проблеми победи со 2:0 на неутрален терен во Саудиска Арабија.

Во останатите дуели од четвртфиналето на Купот на Шпанија ќе играат: Реал Сосиедад – Бетис, Валенсија – Кадис и Рајо Вајекано – Мајорка.

- Оглас -

Најнови вести