Фудбалерите на Ливерпул без поголеми проблеми го победија Тулуз со 5-1 во Лигата на Европа, но во центарот на вниманието повторно беше Уругваецот Дарвин Нуњес, кој успеа да го утне невозможносто.
Во 65-тата минута тој успеа на одличен начин да го мине последниот одбранбен фудбалер на Французите, потоа и голманот на Тулуз, а кога излезе пред празниот гол, ја погоди само стативата. Тој по утката, падна на колена во неверување, а Гревенберх успеа одбиената топка да ја претвори во гол за водство од 4-1.
За ваквата утка, а потоа и за реакцијата, синоќа му се смееше целиот „Енфилд“, а денес откако се појави видеото, му се смее и целиот свет.
https://twitter.com/UTDPsalm/status/1717663526326571501?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1717663526326571501%7Ctwgr%5E66ff90ca09e692d5054b452be010f7b65217bc99%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportsport.ba%2Ffudbal%2Fliverpool-nunez-promasaj-konferencijska-liga%2F461474