Синоќа немаше натпревари во НБА-лигата, позната е и причината за паузата

Иако започна само пред 15-тина дена, НБА-лигата синоќа ја имаше првата пауза и не се одигра ниту еден натпревар од најквалитетната светска кошаркарска лига. Втора година по ред, екипите од НБА-лигата имаат пауза на денот на гласањето, односно денот кога се одржуваат избори во САД. Вчера се гласаше во неколку сојузни држави, а паузата беше за да се поттикнат кошаркарите и гледачите да го искористат своето право на глас.

НБА-лигата нема да се игра ниту на Денот на благодарноста, католичкиот Бадник и на денот кога се одржува финалето на НЦАА лигата. Натпреварите продолжуваат вечерва, кога ќе се одиграат вкупно 14 дуели, а единствено екипите на Атланта и Орландо ќе бидат слободни.

Секако, сите мечеви можете да ги најдете во понудата на Sport Life.

 

- Оглас -

Најнови вести