Синоќа во ЛШ беа постигнати 64 голa, но тоа не е апсолутен рекорд по број на погодоци во еден ден

Групната фаза од новиот формат во Лигата на шампионите беше комплетирана синоќа. По одиграни осум кола познати се осумте најдобри кои продолжуваат во осминафиналето, екипите кои се од деветото до 24 место и одат во нокаут фазата, како и оние од 25 до 36 место кои се веќе елиминирани.

Во вкупно 18 натпревари кои се одиграа синоќа, вкупно беа постигнати 64 голови, односно 3,55 погодови во просек по меч. Ова е рекорд за бројот на погодоци постигнати во еден ден откако е формирана Лигата на шампиони, но не е и апсолутен рекорд кога се работи за елитното натпреварување на УЕФА.

Во далечната 1970 година, на 16 септември, во тогашниот Куп на европски шампиони, само во еден ден биле постигнати неверојатни 66 погодоци, рекорд кој за малку не беше срушен синоќа и засега останува да биде актуелен и тоа повеќе од половина век.

- Оглас -

Најнови вести