Синоќа загубија со 5:0, а денес дали може да победат со 5:0?

„Децата“ на Ливерпул синоќа загубија убедливо со 5:0 на гостувањето кај Астон вила во меч од четврт-финалето во Лига купот на Англија. Тој тим на Ливерпул беше најмладиот во клупската историја со просечна старот од 19 години. Првиот тим на англискиот гигант е во Доха, каде што попладнево од 18:30 часот ќе игра против Монтереј од Мексико во полуфиналето на Светското клупско првенство.

Ако синоќа, коефициентот за победа на Ливерпул беше неверојатен 9,75, овојпат европскиот првак ќе биде во полн сјај и коефициентот за победа е 1,20, што го прави апсолутен фаворит против Мексиканците. Монтереј е во серија од 11 победи и три нерешени во последните 14 меча, но сепак против Ливерпул тешко дека ќе изненади.

Некои дури типуваат дека Ливерпул ќе „се одмазди“ за синоќешниот пораз од 5:0 и дека ќе го покаже своето вистинско лице – ќе слави со 5:0 во полуфиналето од Светското клупско првенство. Коефициентот во Sport Life дека Ливерпул ќе даде меѓу четири и шест гола против Монтереј е 2,95.

 

- Оглас -

Најнови вести