Синот го крстиле Гризман Мбапе, па се јави и обвинителството во Франција

Еден Французин очигледно фанатик за фудбал, решил својот новороден син да го крсти Гризман Мбапе. Тој се одлучил на ова име во чест на Антоан Гризман и Килијан Мбапе, кои беа едни од најзаслужните што Франција летоска стана светски првак на Мундијалот во Русија.

Детето кое е родено во јужна Франција сепак може и да не го добие ова име, откако реагираше обвинителството, кое бара властите да не дозволат да го заведат под ова име. Според обвинителството ова име нема да биде во интерес на детето во иднина.

Целиот случај ќе заврши на суд, а многу веројатно е дека родителите ќе мора да бараат друго име за детето. Овој случај во многу нешта потсети на случајот од 2015 година, кога едно девојче во Франција го крстија Нутела, но судот нареди да се прекрсти, па девојчето на крајот го доби името Ела.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести