Синот на Андре Агаси и Штефи Граф дебитираше за репрезентацијата на Германија во бејзбол

Синот на славните тенисери Андре Агаси и Штефи Граф, Џејден, го имаше дебито за репрезентацијата на Германија во бејзбол.

Џејден, кој е роден во Лас Вегас, во земјата на татко му, има 23 години, а настапува за националниот тим на неговата мајка, и тоа на позицијата фрлач. Граф и Агаси беа присутни во живо да го гледаат Џејден како влегува во игра на мечот помеѓу Германија и Бразил од квалификациите за Светското првенство.

- Оглас -

Најнови вести