Синот на Бекам ќе се жени: Вереницата е четири години постара од Бруклин

Најстариот син на Дејвид Бекам, Бруклин, одлучи да стави потпис на најважниот договор, оној брачниот, откако објави дека неговата девојка Никола Пелц му кажала „да“. Двајцата се во врска само неколку месеци, но и покрај тоа сигурни се дека сакаат да го поминат животот еден покрај друг.

Никола има 25 години, односно постара е од Бруклин цели четири години, но тоа не игра голема улога. Дејвид и Викторија веќе го одобриле стапувањето во брак, па наскоро ќе има и свадба.

- Оглас -

Најнови вести