На листата на најдобрите изведувачи на слободни удари сигурно има место за Дејвид Бекам. Додека беше активен, Англичанецот постигнуваше спектакуларни погодоци од прекини.
Неговиот талент за одлични слободни удар очигледно го наследил неговиот син Ромео, кој е единствениот од тројцата негови наследници што реши да остане во светот на фудбалот.
Ромео настапува за резервниот тим на Интер Мајами, а на дуелот против резервите на Орландо сити, Бекам даде одличен погодок од слободен удар од околу 25 метри.
https://twitter.com/i/status/1546296584677167104
Дејвид Бекам преку социјалните мрежи порача дека е горд на неговиот син.