Луис Буфон, синот на легендарниот голман Џанлуиџи Буфон, го имаше својот професионален деби настап за Пиза во италијанската Серија Б. Седумнаесетгодишниот крилен играч влезе во игра во 83-тата минута на натпреварот против Специја, кој неговиот тим го загуби со 2-3.
Иако е син на италијанската фудбалска легенда Луис Буфон, неодамна дебитираше за чешката репрезентација до 18 години. Тој има двојно државјанство бидејќи негова мајка е Алена Середова, поранешна сопруга на Џиџи Буфон.
Младиот Луис се приклучи на Пиза во 2023 година и настапуваше за тимот до 19 години во Примавера лигата, каде што веќе има постигнато шест гола.
Интересно е што негов тренер во Пиза е Филипо Инзаги, поранешен соиграч на Џиџи Буфон во италијанската фудбалска репрезентација.