Синот на легендарниот Џиџи Буфон, Луис, одлучи во иднина да настапува за младинската селекција на Чешка, земјата на неговата мајка. Луис Буфон за италијанските медиуми изјави дека семејството одлучило дека тоа ќе биде најдобро за развојот на неговата кариера.
Седумнаесетгодишниот Луис веќе доби повик од репрезентацијата за играчи до 18 години за Чешка и ќе настапи уште во мартовскиот прозорец на ФИФА. Синот на Буфон настапува на десната крилна позиција, а во моментов е член на италијанскиот второлигаш, Пиза, екипа која е на втората позиција во Серија Б.