Синот на Џејми Карагер повикан да игра за една од најслабите репрезентации во Европа

Џејми Карагер е легендарен фудбалер на Ливерпул кој одигра 17 сезони во англискиот гигант. Карагер имаше дури 737 настапи за тимот и е на второто место на вечната листа на Ливерпул. Со англискиот гигант се радуваше на титули во Лигата на шампионите, Купот на УЕФА, два ФА купа, три Лига купа и уште неколку трофеи, но остана покус за шампионска радост во Премиер лигата.

За репрезентацијата на Англија, Карагер одигра 38 меча и играше на три големи натпреварувања, но не освои медал. Се пензионира во 2013 година и веќе неколку години е стручен коментатор на „Скај спорт“.

Синот на Џејми Карагер, Џејмс, тргна по стапките на таткото и стана фудбалер. Започна во младите категории на Виган, каде што игра и сега во Лига Еден, кое е трето натпреварување по силина во Англија. Како и неговиот татко, игра на позицијата стопер.

Сепак, фактот дека не игра на врвно ниво, не може да се очекува дека Џејмс Карагер би заиграл за Англија. Токму затоа, тој доби повик за настап во репрезентацијата на Малта. Овој 22-годишен играч има државјанство на Малта затоа што неговиот дедо, односно таткото на Џејми Карагер е роден на Малта.

.

Малта моментално е на 168-мото место на ФИФА-листата, а пред нив се селекции како што се: Сент Луција, Филипини, Јемен, Авганистан… Досега никогаш не биле ни блиску до настап на некое големо натпреварување. На европско ниво, Малта е петтата најслаба репрезентација.

Во квалификациите за СП 2026, Малта е во група со Полска, Литванија, Финска и со поразената од четвртфиналниот двомеч во Лигата на нациите меѓу Шпанија и Холандија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести