Еден Азар е најголемото разочарување во Реал Мадрид. Фудбалерот кој е најскапоплатен во историјата на Кралскиот клуб, веќе долг период е само бледа слика од тоа што беше додека играше во Челзи, но договорот му дава сигурност да остане на „Сантијаго Бернабеу“.
Белгискиот репрезентативец сепак може да донесе нешто добро за Реал Мадрид, а тоа е неговиот син. Десетгодишниот Лео постигна фантастичен погодок за младинскиот тим на Реал на Искар Купот. Лео Азар од далечина биеше одлично и погоди за 2:0 против Гранада.
https://twitter.com/i/status/1644646141147901959
Еден Азар дојде во Реал Мадрид во 2019 година од тимот на Челзи. Досега одигра само 74 меча во кои има биланс од седум голови и 12 асистенции, што секако е премалку за играч кој е платен преку 100 милиони евра. Договорот му е до јуни 2024 година.