Синот на Георге Хаџи ќе игра под палката на Џерард

Глазгов ренџерс ги обезбеди пуслугите на Јанис Хаџи од Генк на шестмесечна позајмица. Синот на најдобриот романски фудбалер Георге Хаџи ќе игра под палката на легендарниот Стивен Џерард, иако во редовите на белгискиот клуб пристигна само пред шест месеци.

Токму по еден разговор со Џерард Хаџи одлучил да заигра во шкотското првенство, а вели дека амбициите на клубот исто така го привлекле.

„Разговарав со Стивен и со спортскиот директор и откако сфатив дека навистина ме посакуваат, одлучив да ја искористам оваа прилика. Амбициите на клубот, начинот на којшто го негуваат фудбалот тука исто така ме привлече. Се надевам дека ќе можам да ја возвратам довербата“, истакна Хаџи.

Дваесет и едногодишниот офанзивец во првиот дел од сезоната запиша 24 настапи за Генк во сите натпреварувања на кои реализира три гола и четири асистенции, сите во белгиското првенство, додека пак во Лигата на шампионите е без учинок.

- Оглас -

Најнови вести