НБА екипите во полн ек ги играат предсезонските натпревари, а од последниот меч на Лос Анџелес лејкерс не можеше да остане незабележан лошиот настап на синот на Леброн Џејмс, Брони Џејмс.
Младиот Џејмс минатата сезона дебитираше во НБА лигата во тимот на Лејкерс и со тоа се испиша историја затоа што за прв пат во еден тим заедно играа татко и син. Сепак, Леброн не може да се пофали дека има достоен наследник затоа што Брони е далеку од квалитетите на татко му, а тоа се потврди и на предсезонки меч против Феникс кој се одигра ноќеска.
Лејкерс загуби убедливо со 81:103, а Брони за 24 минути поминати на терен постигна само осум поени и тоа со шут од поле 1/12. Тој погоди една тројка од осум обиди, а од ударите за два поени ниеднаш не беше прецизен од четири шута. Иако имаше очаен шут од поле, Брони имаше објаснување.
„Не сакав да форсирам. Нозете не ме служеа како што сакав. Чувствував дека се кратки“, рече Брони по поразот од Феникс.
Минатата сезона брони ја заврши со просек од 2,3 поени на 27 меча во НБА лигата.