Синот не легендарниот фудбалер на Ливерпул, Џејми Карагер, ќе го има своето репрезентативно деби, но тоа нема да биде за селекцијата на Англија. Џејмс Карагер има 22 години и настапува за третолигашот Виган, а во петок ќе дебитира за репрезентацијата на Малта.
Дедото на Џејмс има потекло од Малта, па синот на Џејми одлучи да ја прифати поканата и да игра за земјата на неговиот дедо. Џејмс Карагер ја мина академијата на Ливерпул, а од 2017 година е дел од Виган.