Синот на легендарниот Французин доаѓа во ПСЖ

Трето засилување за францускиот шампион ПСЖ, ќе биде репрезентативецот на Галските петли, Маркус Тирам.

Маркус кој е син на легендарниот дефанзивец Лилијан Тиран, во ПСЖ доаѓа како слободен играч откако му истече договорот со Борусија Менхенгладбах за која настапуваше од 2019 година.

Тој се Светците се договори да потпише петгодишен договор и ќе заработува по шест милиони евра по сезона.

Пред Тирам, ПСЖ веќе се договори со Милан Шкрињар од Интер и Марко Асенсио од Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести