Синот на Лео Меси ги гаѓаше аргентинските фанови со мастика (Видео)

Ѕвездата на Аргентина, Лионел Меси, во Катар го доведе семејството за во живо да го следи неговиот последен мундијалски танц, а синот Матео се најде во центарот на вниманието на јавноста со своето однесување со кое сигурно ги налути родителите.

Имено, за време на 1.000-тиот натпревар на Меси во кариерата, осминафиналната пресметка против Австралија, камерите ја снимаа ложата во која се наоѓаше сопругата Антонела со трите сина, а во еден момент Матео ја извади мастиката од уста и ја фрли кон аргентинските навивачи на трибините.

Иако не го виде тоа што го стори Матео, по неколку секунди Антонела сфати што направи нејзиниот син и веднаш го прекори поради недоличното однесување.

- Оглас -

Најнови вести