Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Диего Армандо Марадона почина пред нешто повеќе од три години. Марадона имаше 61 година кога по една операција на главата, не закрепна доволно и почина. Синот на легендарниот Марадона, Диего Марадона јуниор вели дека неговиот татко бил убиен.
„Постои истрага. Ние, неговите деца, веруваме во аргентинската правда. Верувам дека работите не требаше да завршат вака. Тие го убија татко ми. Не е моја работа да поднесам обвиненија и да барам кој го направил тоа, но јас имам сомнежи. Тој беше оставен самиот на себе, а можеше нешто да се направи. Си ветив дека до последен ден ќе се борам за правдата“, рече Марадона јуниор, во изјава пренесена од шпанска „Марка“.
Во 2022 година, обвинителството започна истрага против осум лекари кои се грижеа за Марадона. Тие се обвинети за убиство од небрежност. Според исказите на сведоците кои го посетиле Марадона во неговиот дом, местото не ги исполнувало стандардите за третман на човек кој само што имал тешка операција.