22.8 C
Skopje
петок, 22 август 2025

Синот на Меси е хит на интернет: Се зачуди од каде дојде новата Златна топка (ВИДЕО)

Лео Меси минатиот понеделник ја освои седмата Златна топка во својата кариера.

Членот на ПСЖ го победи Роберт Левандовски, но, тоа нема да биде темата во овој текст.

Меси дозволи снимање во неговата куќа каде што е фатена реакцијата на неговите деца по повод освојувањето на новата Златна топка.

Тијаго, кој е девет години стана вистински хит на интернет по неговата реакција, а шпанските медиуми ја транскрибираа целата конверзација меѓу Меси и синот.

Тијаго: Зошто сега имаш седум златни топки, нели имаше шест?

Лионел: Сега имам седум.

Тијаго: Дали ја освои денеска? во куќата имаше шест Златни топки, сега има седум. Кога ја освои?

Лионел: Денеска ја освоив.

Тијаго: Денеска?!? Зошто денеска?

Лионел: Не знам.

- Оглас -

Најнови вести