Синот на пејачката Цеца е најперспективен српски боксер

Вељко Ражнатовиќ, кој е познат како син на пејачката Цеца и контроверзниот Жељко Ражнатовиќ Аркан, во првите пет интернационални борби во 2018 година извојува пет победи (три со нокаут) и најавува дека до крајот на годинава ќе биде најдобар боксер на Балканот во неговата категорија.

Вељко има 22 години и боксува во категоријата крузер.

„Моментно сум најдобар во Србија во категоријата крузер, но знам дека можам многу повеќе од тоа. Верувам дека до крајот на 2019 година ќе бидам балкански првак“, најавува амбициозниот боксер.

Ражнатовиќ и годинава планира 4-5 професионални борби, па темелно се подготвува.

„Сакам да гледам бокс-мечеви, особено од моите следни ривали. Посебно интересни ми се мерењата и прес-конференциите пред борбите. Тука се покажува вистинското лице. Некои од моите противници беа премногу самоуверени, па во мене проработе српскиот инает и си велев: Е, сега ќе видите“, вели Вељко, кој следниот меч ќе го има на деветти март, но не го открива името на противникот.

 

- Оглас -

Најнови вести