26.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Синот на прославениот Врбица Стефанов доби повик во националниот тим на Македонија

Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Марјан Илиевски, го одреди списокот на играчи на кои кои ќе смета во наредниот период, поточно за втората фаза од претквалификациите за Светскиот куп кој во 2027 година ќе се одржи во Катар.

Селекторот Илиевски постави 26-мина играчи на пошироката листа на кандидати која ќе биде доставена во Светската кошаркарска федерација.

Одреден е почетокот на подготовките за августовскиот ФИБА „прозорец“ во кој нашата најдобра селекција ќе настапува во групата „А“, во која се уште и селекциите на Романија и на Унгарија.

Првиот собир е закажан за 14 јули (понеделник), во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје, со почеток од 18.часот.

За првпат на списокот се најде Рубин Стефанов (20 години), кој е син на прославениот наш поранешен репрезентативец и еден од најдобри плејмејкери, Врбица Стефанов. Во составот по подолго време нема ниту еден натурализиран репрезентативец.

СПИСОК НА ПОВИКАНИ ИГРАЧИ ЗА НАСТАП ВО СЕНИОРСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА ВО ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА СВЕТСКИОТ КУП 2027 ВО КАТАР

Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром

Марин Петков – МЗТ Скопје Аеродром

Андреј Маслинко – МЗТ Скопје Аеродром

Андреј Магдевски – МЗТ Скопје Аеродром

Андреј Андоновски – МЗТ Скопје Аеродром

Марко Миловановиќ – МЗТ Скопје Аеродром

Стојан Ѓуроски – Работнички

Дамјан Робев – Работнички

Виктор Ефремовски – Работнички

Амар Хот – Работнички

Андреј Шошкиќ – Работнички

Валмир Какруки – Чаир 2030

Адем Мекиќ – Бора (Косово)

Теодор Симиќ – Кожув

Страхил Николов – ТФТ

Лука Стојановски – Пелистер

Андреј Митревски – Феникс 2010

Стефан Стојковиќ – Феникс 2010

Лејсон Зеќири – Башкими (Косово)

Кристијан Николов – Чеди Осман БК (Турција)

Ненад Димитријевиќ – Олимпија Милано (Италија)

Никола Јаничиќ – Водно Санс

Марко Луканоски – Игокеа (БиХ)

Лука Савичевиќ – Лафајет Леопардс (САД)

Андреј Јакимовски – Тренто (Италија)

Рубин Стефанов – Унибаскет Ланчиано (Италија)

СЕЛЕКТОР: Марјан Илиевски

- Оглас -

Најнови вести