Синот на Рио Фердинанд потпиша прв професионален договор со Брајтон. Лоренц Фердинанд, кој во јули наполни 19 години, настапува како голман за младинските категории на Галебите од 2022 година.
Поранешниот дефанзивец на Манчестер јунајтед и неговата сопруга Кејт ја споделија веста на социјалните мрежи, истакнувајќи дека семејството е „многу гордо“ на постигнатиот успех.
Лоренц е највозрасното дете на Рио Фердинанд, родено од неговата прва сопруга Ребека Елисон, која почина од рак во 2014 година.
Поранешниот англиски репрезентативец Рио Фердинанд играше за Манчестер јунајтед цели 12 сезони, а во кариерата ги бранеше и боите на Вест Хем, Лидс и Квинс Парк Ренџерс. Беше и истакнат англиски репрезентативец.