Интер го следи наследникот на легендарниот Робињо. Нераѕурите се подготвени да го доведат 18-годишниот Робињо јуниор од Сантос, јавува „УОЛ Еспорте“. Тој е син на поранешната суперѕвезда на Реал Мадрид, Манчестер сити и Милан, Робињо, а Италијанците веќе имаат план како да го интегрираат во својот тим.
Според информациите, Интер сè уште не испратил официјална понуда до Сантос, но вредноста што ја имаат предвидено за неговиот трансфер е околу 22 милиони евра, од кои 18 милиони фиксно.
Робињо јуниор дури ја посетил и клупската база на Интер за време на божиќните празници, кога патувал во Италија. Младиот Бразилец засега не брза да го напушти својот матичен клуб, но трансферот може да се реализира во летниот преоден рок.
Тинејџерот игра на повеќе позиции во нападот и најчесто настапува како лево крило. Досега има одиграно 15 натпревари за првиот тим на Сантос, со една асистенција, најчесто влегувајќи како замена.

