16.8 C
Skopje
петок, 31 октомври 2025

Синот на Роналдо на 15 години се пофали со својот прв автомобил, и тоа вреден 265.000 евра

Кристијано Роналдо Јуниор уште од самото раѓање стана медиумски интересна личност затоа што тоа беше првото дете на сега веќе легендарниот Португалец, Кристијано Роналдо.

Роналдо Јуниор сега има 15 години и преку социјалните мрежи се пофали дека го добил својот прв автомобил. Се работи за ново бело „ламборџини урос С“, автомобил кој нималку не е евтин и се проценува на 265.000 евра.

Моторот на овој автомобил е вистински симбол на сурова моќ, турбо V8 мотор со неверојатни 650 коњски сили. Оваа машина со тежина од околу 2,3 тони забрзува од 0 до 100 км/ч за само 3,5 секунди и може да го одржи своето огнено темпо сè до 305 км/ч.

Младиот Роналдо ќе мора да почека додека не наполни 18 години за целосно да ужива во возењето, што е законската возраст за возење во Саудиска Арабија. Сепак, тој може да почне да вози на 17 години со привремена дозвола, иако секогаш со ограничувања и под надзор на возрасни.

 

- Оглас -

Најнови вести