Синот на Роналдо постигна феноменален гол (Видео)

Синот на Кристијано Роналдо потврдува дека оди по стапките на својот татко. Роналдо јуниор има 13 години и целосно е фокусиран на фудбалот. Тој ги помина школите на Реал Мадрид, Јувентус и Манчестер јунајтед, а сега тренира во академијата на Ал-Наср, клубот за којшто настапува неговиот татко.

Главна цел на Роналдо јуниор е да ги наследи успесите на неговиот татко, што секако е многу тешко остварливо. Сепак, дека го има талентот, Јуниор покажа со еден прекрасен гол постигнат на тренинг.

Кристијано Роналдо е феноменален иако за помалку од еден месец ќе наполни 39 години. Во годината којашто неодамна измина, Португалецот постигна 54 гола и беше најдобар стрелец во светот за 2023 година.

- Оглас -

Најнови вести