Синот на Роналдо првпат повикан во репрезентацијата на Португалија

Кристијано Роналдо дефинитивно има свој наследник во името на неговиот прв син, Кристијано Роналдо јуниор. Детето кое има 14 години денеска за првпат доби повик да биде дел од репрезентацијата на Португалија за играчи до 15 години.

„Горд сум на тебе синко“, напиша Роналдо на социјалните мрежи.

Националниот тим на Португалија за играчи до 15 години се подготвува за седмиот интернационален турнир кој се игра во Хрватска од 13 до 18 мај. Португалија треба да одигра четири меча, и тоа против Јапонија, Грција и Англија, а потоа и натпреварот кој треба да го одлучи конечниот пласман на турнирот.

Роналдо јуниор е дел од младинскиот тим на Ал-Наср, каде што игра и неговиот татко.

 

- Оглас -

Најнови вести