Донесена е пресуда во случајот со Марио Мамиќ, син на поранешниот претседател на Динамо Загреб, Здравко Мамиќ, информираат хрватските медиуми. Тој ја призна вината за нелегално извлекување финансиски средства од клубот.
Марио Мамиќ доби казна од една година и четири месеца затвор и ќе треба да плати три милиони евра. Од оваа сума, 750.000 евра ќе бидат за казни, околу два милиони евра ќе бидат уплатени во касата на Динамо Загреб, а 70.000 евра ќе бидат искористени за судски трошоци.
Ова е завршница на долгогодишниот процес против семејството Мамиќ, кој траеше повеќе од десет години.
Марио Мамиќ помина со мала казна бидејќи го призна делото. Заедно со бизнисменот Сандро Стипанчиќ признаа дека учествувале во извлекувањето на парите од Динамо и формирале злосторничко здружение.