-1.2 C
Skopje
недела, 11 јануари 2026

Синот на Златан Ибрахимовиќ си замина од Милан, се сели во друг европски великан

Златан Ибрахимовиќ во моментов е советник на сопственикот на Милан, а од 2022 година во екипата е и неговиот син, Максимилијан, кој пристигна од шведски Хамарби. Сепак, таткото и синот ќе се разделат, бидејќи Ибрахимовиќ помладиот ќе има нова фудбалска средина во продолжение од сезоната.

19-годишниот фудбалер до сега настапуваше за Милан Футуро, втората екипа на италијанскиот гигант, која се натпреварува во Серија Д и оваа сезона на 16 меча имаше ефект од пет гола и четири асистенции.

Сепак, Максимилијан Ибрахимовиќ во иднина ќе настапува за екипата на Ајакс, во која играше и Златан во периодот од 2001 до 2004 година.

 

- Оглас -

Најнови вести