Синовите на Меси направија шоу на доделувањето на Златната копачка (Видео)

Лионел Меси по шести пат во кариерата ја освои Златната копачка наменета за најдобриот стрелец во Европа. Со оваа награда, Аргентинецот стана првиот во историјата кому му успеало да стигне до шест вакви одличја. Капитенот на Барселона до оваа награда стигна благодарение на 36-те погодоци кои ги даде во Примера дивисион во минатата сезона, во која каталонскиот гигант ја одбрани титулата.

На денешното доделување на Златната копачка присуствуваа и синовите на Меси, Тијаго и Матео. Тие двајцата се појавија заедно со својот татко и во еден момент „се скараа“ за тоа кој да ја држи наградата, а сето тоа делуваше навистина симпатично.

 

- Оглас -

Најнови вести