19.8 C
Skopje
понеделник, 18 август 2025

Сите бараат да се фотографираат со Роналдо, но овојпат тој бара и автограм и фото од судијата (Видео)

Во првиот меч откако наполни 38 години, Кристијано Роналдо покажа дека годините за него не се никаква пречка. Португалецот блесна во тимот на Ал-Наср и ги постигна сите четири гола во победата на гостувањето кај Ал-Вахда.

Првиот гол што го постигна на овој меч, за Роналдо беше јубилеен 500-ти во кариерата во првенствен натпревар. Тој има играно во првенствата на Португалија, Англија, Шпанија, Италија и сега во Саудиска Арабија.

По завршување на средбата на која Роналдо постигна четири гола, Португалецот направи потег кој многумина ги збуни, а најмногу го збуни главниот судија Ал-Харби.  Роналдо дојде до судијата и побара од него да стави автограм на топката, а потоа и заедно да се фотографираат.

За Роналдо ова е 11-ти пат во кариерата да постигне четири голови. Претходно тоа го има направено осум пати во дресот на Реал Мадрид во мечевите против Сантандер, Севилја, Елче, Гранада, Еспањол, Малме, Селта и Жирона, а два пати во репрезентативниот дрес на Португалија и тоа во дуелите против Литванија и Андора.

- Оглас -

Најнови вести