Сите беа збунети: Халанд претставен како нов играч на бразилскиот гигант

Еден од најдобрите напаѓачи на денешницата, Ерлинг Халанд, беше преставен како нов фудбалер на бразилскиот Флуминенсе. Оваа вест беше за неверување ако се знае дека престојот на Халанд во Манчестер сити е „бетониран“.

Во објавата на официјалната страница на Флуминесе пишуваше „По интензивни преговори и големо ангажирање на нашиот менаџмент, потпишан е договор со Халанд. Неговото доаѓање ќе биде клучно за наш пресврт во сезоната“, стоело во објавата.

Угледниот бразилски весник „Ге Глобо“ веднаш ги контактирал челниците на Флуминенсе и барал објаснување зошто има таква лажна вест. На голгетерот му било објаснето дека интернет-страницата на Флуминесе била цел на хакерски напад.

Флуминенсе периодов сепак успеа да направи еден вистински звучен трансфер откако во своите редови го доведе Тијаго Силва, кој во Европа играше за Челзи, Милан и ПСЖ.

- Оглас -

Најнови вести