Сите беа збунети зошто Меси не игра, тренерот на Интер Мајами објасни

Интер Мајами беше фаворит, но загуби на свој терен од Монтреал со 2:3 во меч од четвртото коло на МЛС во САД. Поразот на Интер Мајами не е толку големо изненадување, ако се знае дека во составот на домаќините го немаше Лионел Меси.

Иако немаше никаква најава дека ќе го нема на теренот, Меси не играше и дуелот го проследи од трибината на стадионот. Освен Меси, во стартниот тим ги немаше ниту Луис Суарес и Серхио Бускетс кои во игра влегоа во второто полувреме, но и нивното присуство на теренот не беше доволно за Интер Мајами да се спаси од пораз.

По мечот, тренерот на Интер Мајами Герардо Мартино, откри зошто Меси не играше.

„На мечот против Нешвил, Меси заработи директен удар во потколеницата и почувствува болка. Затоа, заедно со него решивме дека на дуелот против Монтреал ќе паузира. Тоа го знаевме јас и тој уште од пред една недела“, рече Мартино.

Меси сезонава има четири гола и една асистенција и е убедливо најдобар тим во Интер Мајами, што и се потврди дека без него на теренот, екипата многу лесно може да загуби.

- Оглас -

Најнови вести