Сите бегаат од Кина, а член на Партизан се сели во втората лига

Партизан го ослободи Зоран Тошиќ да ја реализира преселбата во Кина, поточно во редовите на второлигашот Таижу Јуандом. Искусниот играч за врска го напушта белградскиот гигант на неколку дена пред вечното дерби со Црвена ѕвезда.

Додека сите бегаат од Кина поради коронавирусот, Тошиќ не се плаши од смртоносниот вирус и утре ќе отпатува за азиската земја, каде што ќе потпише двегодишен договор со второлигашот.

За Партизан одигра вкупно 136 настапи, најголем дел од кариерата ја мина во ЦСКА Москва, а беше дел од Манчестер јунајтед во сезоната 2009/10 и настапи само на шест меча за Црвените ѓаволи.

- Оглас -

Најнови вести