Сите бегаат од Мамиќ – Динамо го избриша од регистерот со членови

Здравко Мамиќ е избришан од регистарот со членови на Динамо Загреб, со што и официјално заврши неговата ера на владеење во најтрофејниот фудбалски клуб. Ова е само формален чин, што го објавија популарните „модри“, откако Мамиќ под закана за затворска казна побегна од Хрватска во Босна и Херцеговина.

Мамиќ е творецот на европски Динамо, клуб кој во неговата ера на владеење беше речиси редовен учесник во Лигата на шампионите, или во Европа Лигата.

Успесите на популарните „модри“ беа проследени и со доста контроверзи, а Мамиќ е осуден на над пет години затвор, но пред да замине на отслужување на казната побегна од Хрватска.

Обвинението за него, за неговиот брат Зоран Мамиќ и за Дамир Врбановиќ е дека од клубот незаконски извлекле околу 16 милиони евра, а гја оштетиле државата за 1.6 милиони евра.

 

- Оглас -

Најнови вести