Напаѓачот на Партизан, Лазар Марковиќ, се вклучи во акцијата која стартуваше во Србија, а тоа е за време на пандемијата од Коронавирусот да им се помогне на постарите луѓе. Препораките се дека постарите луѓе се најзагрозени од опасниот вирус и тие најмалку треба да се движат надвор.
Токму затоа поранешниот играч на Ливерпул и Бенфика реши да се стави во служба на своите соседи. На влезната врата од неговата зграда на лист остави порака на која пишува „Драги соседи, доколку Ви е потребна каква било помош, обратете се на стан 10. Марковиќ“. Покрај пораката, оставен е и телефонски број за контакт.
Во Србија досега има 56 заразени од опасниот вирус, а откако е прогласена вонредна состојба во земјата се прекина и фудбалското првенство.
„Во маалото каде што живееме има и многу постари луѓе, па за мене е сосема нормално да помогнам. Тука сме да помогнеме кому што му треба“, изјави Марковиќ за Телеграф.рс.
Ovako se to radi!!! Moj prijatelj, veliki čovek i sjajan fudbaler Lazar Markovic sa svojom porodicom podržao je našu akciju pomoći najugroženijima!!! Bravo!!!! Sledite ovaj primer! @LMarkec50 pic.twitter.com/iwk2Da7y1o
— Nikola Rokvić (@NikolaRokvic) March 16, 2020