Сите чекаат Ливерпул да биде шампион, но дали Лестер подготвува ново чудо?

Ливерпул игра феноменално во Премиер лигата и по првите 13 меча има освоено 37 од можните 39 бодови. Ваков речиси перфектен старт, Ливерпул немал никогаш, а тоа е знак дека на „Енфилд роуд“ на големо се подготвуваат за прекин на шампионскиот пост кој трае 30 години.

Дефинитивно дека во моментв Ливерпул е прв фаворит за освојување на титулата во Англија, но ова е само прва третина од сезоната. Ретко кој очекуваше веднаш зад лидерот да биде Лестер. Тоа е тимот кој ја има најдобрата одбрана во лигата. Лестер прими само осум гола во 13 меча, а сезонава има 9 победи, две реми и два порази, што е доволно со 29 бодови да е втор на табелата.

Лисиците имаат шест победи во низа, со што покажуваат дека се тим кој од „сенка“ ќе атакува на титулата. Статистиката покажува дека Лестер во шампионската 2015/16 сезона, имал полош старт по првите 13 кола. Во шампионската година, Лестер во 13  одиграни меча имал освоено 28 бодови, но тоа било доволно да биде прв на табелата. Сега со 29 бодови, Лестер заостанува осум бодови зад Ливерпул, но сепак тоа е податок кој покажува за силата и квалитетот што го поседува и оваа екипа на Лестер.

- Оглас -

Најнови вести