Доминик Тим е вториот финалист на АТП турнирот во Барселона, откако со 2-0 во сетови (6-4, 6-4) славеше против Рафаел Надал. Австрискиот тенисер ја запиша четвртата победа во својата кариера во 11 дуели против Надал, и сите четири ги оствари на земјена подлога.
Еден брејк на Тим за водство од 3-2 во гемови го одреди текот на првиот сет, а потоа Австриецот во два наврапи спаси да не загуби гем на свој сервис, при тоа искористувајќи ја втората сет топка да поведе со 1-0. Слично се случи и во вториот сет, Тим повторно направи брејк за 3-2 во гемови, а иако Надал пружи повеќе отпор, не ги искористи своите шанси, па така Тим веќе во првата прилика да слави го стори тоа.
Во финалето, Доминик Тим ќе се сретне со Данил Медведев, кој претходно славеше со 2-1 (6-4, 3-6, 7-5) во сетови против Кеи Нишикори.