Сите фаворити победија, обложувачите тријат раце и го слават Мората (Видео)

Лигата на шампионите вечерва донесе реални и очекувани резултати, сите фаворити победија, некои полесно, други потешко, но факт е дека тие обложувачи кои играат зихерашки, вечерва се добитни. Идеалното коло без изненадувања го комплетираше Јувентус, кој за малку ќе киксираше дома против Ференцварош, но, сепак, победи со гол на Алваро Мората во 92-рата минута.

РЕЗУЛТАТИ, ГРУПА Ф: Борусија Дортмунд – Клуб Бриж 3-0 (два гола на Халанд и мајсторски погодок на Санчо од слободен удар), Лацио – Зенит 3-1 (Имобиле двоен стрелец).

ГРУПА Г: Динамо Киев – Барселона 0-4 (Брајтвајт даде два гола, а деби погодок имаше и Американецот Дест), Јувентус – Ференцварош 2-1, па Јуве и Барса сигурно одат понатаму.

ГРУПА Х: Манчестер јунајтед – Башакшехир 4-1 (домашните водеа 3-0, а потоа за првпат по десет години дома примија гол од слободен удар), ПСЖ – Лајпциг 1-0 (Нејмар од пенал). Во оваа група само Турците немаат шанса за осминафинале.

Ова е погодокот на Мората за радост на фановите на Старата дама, но и на многу обложувачи низ светот:

https://twitter.com/i/status/1331355158475837443

- Оглас -

Најнови вести