Клубовите кои играат во првата и втората лига на Франција ќе бидат обврзани да го промовираат туризмот во Катар. Ваков договор потпишала организацијата на професионални клубови со катарските власти. Доколку некој клуб не сака да го промовира катарскиот туризам, тогаш ќе мора да рекламира некоја друга организација од Катар.
Француските клубови немале можност да преговараат, ниту да се договараат бидејќи тоа за нив го сторило здружението. Секој клуб од првата лига ќе добие по 730.000 евра за промоцијата на Катар, додека второлигашите по 130.000 евра.
https://twitter.com/DeadlineDayLive/status/1831690328006381834